Категории

И Влатко Стефановски Трио заедно со Gibonni на Аll you need is love 2018 во Скопје!

За уште поголема предновогодишна фешта, Авалон Продукција одлучија пред настапот на хедлајнерот на фестивалот All You Need Is Love, GIBONNI, со свој целовечерен настап да се претстави и најголемиот балкански гитарист на сите времиња, Влатко Стефановски заедно со своето трио.

Се разбира дека Влатко ќе настапи и како специјален гостин на неколку песни заедно со Gibonni, но нашата заедничка желба беше истата вечер да уживате и со целовечерен настап на живата легенда Влатко Стефановски со неговиот бенд.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во среда на 31-ви октомври, онлајн преку avalon.mk, продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и во Југотон, по следниве цени и категории:

ПАРТЕР- 700 денари

ФАН ПИТ- 1000 денари

SILVER SEATS- 1000 денари

GOLDEN SEATS- 1200 денари

ВИП- 2000 денари

Во текот на наредната недела ќе бидат соопштени и уште две имиња коишто се многу важни кога се во прашање младите сили на македонскиот рокенрол што ќе ја отворат фестивалската вечер, пред да настапат ѕвездите на вечерта, Влатко Стефановски и Gibonni на овој предновогодишен настан.