И за изгребаните стакла на очилата за вид има решение

Очилата за вид можат да бидат прилично скапи, па затоа треба добро да се грижите за нив. Сепак, тоа не е толку едноставно бидејќи стаклата на очилата се многу чувствителни и многу лесно можат да се изгребат. Некои гребаници може да бидат толку длабоки што единствено решение ќе бидат нови очила, но, ако гребаниците се ситни- тогаш имаме неколку совети за вас.

Прашак за пециво и вода
Оваа метода се покажала како многу ефективна и одлично ги трга ситните гребаници на стаклата. Помешајте една лажица прашок за пециво и една лажица вода и добиената паста втријте ја на стаклата, а потоа исчистете ги стаклата со вода и крпа од микрофибер.

Средство за чистење на автомобилски стакла
Овие средства неверојатно ги чистат стаклените површини и благо ги полираат, а со тоа ги елиминираат изгребаните линии, а го намалуваат и маглењето на стаклата.

Средство за чистење на монитори
Постојат средства кои служат за чистење и третирање на гребаниците на мониторите и екраните, а тие се идеални за стаклата на наочарите. Резултатите се одлични.
Неабразивна паста за заби
Пастата за заби која не е абразивна може да послужи како сјајна полир паста, па ќе ви овозможи да ги исполирате стаклата и да ги отстраните сите несакани неправилности.



Коментари

[fbcomments]