Категории

Идеална шминка за летните денови: Трикови со чија помош нема да се уништи шминката на лицето!

Не мора да го прескокнувате шминкањет во текот на летото затоа што шминката ви се размачкува и топи од жешкото време. Со помош на неколку мали трикови таа ќе остане токму онаму каде што треба да биде.

Ставете пудра на очните капаци

Нанесете малку камена пудра на очните капаци за да го избегнете „пресликувањето“ на маскарата на кожата или оставањето црни точки.

Користете водоотпорни производи

Користењето на водоотпорни производи е најдобар начин шминката да остане на своето место, дури и кога се потите од жештината. Исто така, маскарите кои содржат пчелин восок го задржуваат пигментот на трепките и не се пресликуваат на кожата. Доколку користите туш за очи, изберете водоотпорен, инаку лесно ќе се размачка кога ќе се испоти кожата на капаците.

Хидрирајте ја кожата

Подготовката на кожата е еднакво важна како и шминкањето. Важно е кожата да ви биде хидрирана и во текот на летото, што значи дека негата со хидратантна крема треба да биде дел и од вашата летна, а не само зимска рутина. Најдобро е да користите производи кои не се на база на масло, за да го спречите дополнителното мастење на кожата.

Користете спреј за фиксирање на шминката

Овој спреј е направен токму за тоа, да ја држи шминката на лицето креирајќи заштитна бариера на кожата. Постојат различни производи од овој вид, па изберете го оној кој најмногу ви одговара.

Користете прајмер

Какво и да е времето надвор, прајмерот помага шминката да остане на кожата. Особено се користи кај масната кожа, на која жештините воопшто не и одат во прилог. Прајмерот ќе спречи шминката да се разлива по лицето и да почне да свети од пот.

Шминкајте се минимално

Едноставно – колку помалку шминка, толку се поголеми шансите да не се уништи вашиот изглед. Тешката пудра заменете ја со тонирана крема, за да изгледате поприродно кога е надвор жешко. А секако, ќе ви биде и попријатно.

Прегледи:
458
Објавено на:
24.07.2019