Категории

Идеална ужинка за ладните денови: Смуди со смокви и цимет

Овој смуди се подготвува многу лесно и идеален е како замена за ужинка. Вкусниот есенски напиток ќе ве воодушеви со богатата мешавина од смоква, банана и цимет. Идеален е за ладните денови.

Состојки:

  • 1 ½ шолја бадемово млеко
  •  3 смокви
  • 1 ½ замрзната банана
  •  1/3 чаша овесна каша
  • 1 лажички жалфија
  • 1-2 лажички цимет

За декорација:

  • мусли
  • чиа семе
  • стапчиња цимет
  • суви смокви
  • овесни снегулки

Подготoвка:

  1. Ставете ги во блендер бадемовото млеко, малку овесна каша, смрзната банана и смоквите и мешајте со миксер додека текстурата не стане густа и кремаста. Додадете ги сувите состојки – жалфија, цимет во прав и мешајте уште малку со миксерот.
  2. Ставете го свежото смуди во чаша и додадете ја декорацијата. Според својот вкус, ова смуди можете да го засладите со јаворов сируп.
Прегледи:
595
Објавено на:
25.10.2018