Идеална замена за ужинка: Смуди со смоква, банана и цимет (РЕЦЕПТ)

Овој вкусен есенски напиток ќе ве воодушеви со својата богата мешавина од смоква, банана и цимет. Здрав и лесен за подготовка, овој напиток е идеален за замена на ужинката.

Состојки:

  • 1, 5 шолја бадемово млеко
  • 3 смокви
  • 1,5 замрзнати банани
  • 1/3 чаша овесна каша
  • 1 лажичка жалфија
  • 1-2 лажички цимет

За декорирање:

  • мусли
  • чиа семе
  • суви смокви
  • овесни снегулки

Подготовка:

  1. Ставете го во блендер бадемовото млеко, малку овесна каша, смрзнатата банана и смоквите и мешајте додека текстурата не стане густа и кремаста. Додадете ги сувите состојки – жалфија, цимет во прав и мешајте уште малку.
  2. Истурете го свежото смуди во чаша и додадете „декор“ – омилениот мусли, чиа семе, овесни снегулки, исечкани смокви или стапчиња цимет. По желба можете смудито да го засладите со јаворов сируп.



Коментари

коментари