Категории

Идеални за живеење: Топ 10 градови во кои стресот не постои!

Доколку се прашувате кое е идеалното место за живеење без стрес и многу грижи, добрата вест е дека се наоѓа во Европа!

Компанијата „Зипјет“ спровела студија во која ги рангирала светските градови врз основа на различни податоци за да дојдат до градовите кои се најмалку стресни за живеење. На прво место се нашол Штутгарт, каде што секојдневниот живот се води без стрес.

За да се добијат резултатите, во 500 градови во светот мерени се следните фактори:

Град: густина на населението, зелен простор, сообраќај, сончеви часови, безбедност, локален јавен превоз.

Загадување на околината: загадување на воздухот, загадување од бука.

Финансии и невработеност: долгови, социјална сигурност, семејна економска моќ.

Население: ментално здравје, физичко здравје, рамноправност на половите.

Ова се топ 10 градовите за живот без стрес:

1. Штутгарт

2. Луксембург

3. Хановер

4. Берн

5. Минхен

6. Бордо

7. Единбург

8. Сиднеј

9. Грац

10. Хамбург

 

Прегледи:
420
Објавено на:
15.04.2018