Категории

Иглички за коса – Тренд аксесоар кај фризурите

Ако игличките за коса некогаш служеа да ја држат фризурата и незабележително да ги сокријат прамените од вашата коса, денес се претворија во вистински модни украси, и да, што по впечатливи и воочливи тоа подобро.

Овој нов необичен тренд се појави на модната писта а тренди девојките веднаш го прифатија со воодушевување. Не морате повеќе да ги криете затоа што тие изгледаат супер гламурозно и уникатно како модни аксесоари..

Во зависност од вашиот стајлинг, изберете иглички во металик нијанси, тие се моментално најголем тренд, а за по гламурозни изданија одлично се вклопуваат оние со дискретни циркони и дијаманти.

Прегледи:
690
Објавено на:
05.12.2017