ИКЕА сака да Ви помогне бесплатно да си издизајнирате сопствена куќарка за пчели

Ние, луѓето, им должиме многу на пчелите. Третина од она што го јадеме е директен резултат од работата на овие инсекти. Околу 80% од полинизацијата на светско ниво се должи на безуморните трудови на пчелите. Нажалост, низ процесот на градење на куќи за нас, им ја имаме во огромна мера нарушено природната животна средина на пчелите. Губење на животната средина исто така се должи на климатските промени и пестицидите. Затоа, ИКЕА направија иновациски хаб наречен SPACE10.

Во колаборација со дизајн студиото Bakken & Bæck и дизајнерката Tanita Klein, SPACE10 го започна проекрот Bee Home – онлајн дизајнирање на улишта, каде што дизајните можете да ги спуштите бесплатно. Дополнително, не ви се потребни никакви алатки за градење на куќата. На страницата има и интерактивна маша каде што може да ги лоцирате другите дизајни на Bee Home улишта низ земјата.

Една од главните цели на проектот е да им понуди на луѓето одредени креативни слободи при дизајн на улишта.

„Со дизајн кој е флексибилен и достапен, сите, секаде ќе бидат омоќени да дизајнираат и да направат свои сопствени улишта локално“ – викаат креативците зад проектот.

Можеби се прашувате зошто на пчели им е потребен дом? Бидејќи една пчела лета по околу 8 km во час, со крилца кои мрдаат 11400 пати во минута. Цело ова движење ги уморува, и повеќе места каде што ќе можат да се одморат и да го остават својот терет, се од голема помош. Клучното овде е безбедност. Овие малечки структури се дизајнирани за да им дозволат безбедност на малечките пчели.

Особено се од помош за солитарни пчели, кои не живеат во улишта. Тие се огромни полинатори, една солитарна пчела може да поленизира онолку колку 120 медни пчели. Всушност, секоја женска солитарна пчела е матица. Секоја од нив се пари со околу 20-30 партнери, значи може да роди стотици други солитарни пчели кои ќе поленизираат цветови.

Дизајнот само треба да го однесете кај изработувач на мебел или кај дрвар, да ви го направи и можете да ги поставите било каде каде што има цветови во близина.




Коментари

[fbcomments]