Илјадници светулки фатени на магични фотографии – сцени како од сон

Иако сезоната на расцветани црешови дрвја го одбележува почетокот на пролетта во Јапонија, таму се случува уште еден феномен кој е еднакво прекрасен, во лето. Во јуни, Hime-hotaru светулките ги осветлуваат шумите толку магично, што изгледаат како ѕвездено небо. Јапонскиот фотограф и CG уметник Јутака Кагаја неодамна ги фотографираше овие феномени.

Нам овие светлечки инсекти ни изгледаат магично, а всушност светлоста ја испуштаат како сигнал за парење. Секој вид на светулки има сопствена шема на светкање, па така си го наоѓаат партнерот од соодветниот вид на парење. Нажалост, Hime-hotaru популацијта со тек на време се намалува, па така баш голема среќа е што Кагаја успеа да ги фотографира овие ретки моменти кога стотици светулки леткаат низ шумата.

 

Освен ова, фотографот работи на различни проекти, меѓу кои и астрофотографија:

 




Коментари

[fbcomments]