Илустрации кои ќе ви помогнат да ја зајакнете љубовта кон себеси!

Емоциите кои ги предизвикува тагата и осаменоста се инспирација за овие илустрации на Алисон Рејчел. Борејќи се со депресијата уште од тинејџерските денови, потребни биле години напорна работа врз себе да сфати дека мора да отстрани некои ситуации, луѓе и идеи кои се создавале во нејзината глава и негативно влијаеле врз нејзиното ментално здравје.

На нејзиниот Инстаграм ја следат повеќе од 445 илјади луѓе ширум светот. На тој начин таа успева да ја шири свеста за состојбите во кои се наоѓаме ширејќи моќна порака дека е во ред да се промените, во ред е да ве обземаат различни емоции.

Не се плаши да си заминеш од врска која што повеќе не е здрава

Туѓата убавина не значи отсуство на твојата убавина

Дозволете им на жените да бидат грди

Не мора секогаш да бидете фини

Да бидете свои е многу поважно отколку да бидете совршени

Жените не им должат на мажите ништо

Треба да научите да станете од масата каде што повеќе не се сервира љубов

Ти си многу повеќе од твојот изглед

Научи да поставиш граници со токсичното семејство

Понекогаш едноставно треба да се скриеш од светот

Опкружи се себеси со луѓе кои додаваат вредност на твојот живот

Не се извинувај за она што си

Научи да се справуваш со одбивањето

Менталната болест не е нешто од кое што треба да се срамиш

Не можеш да ги контролираш своите чувства

Луѓето велат си се променил, како да е тоа нешто лошо

Биди трпелив со себе

Споделувањето на емоции е знак дека си јак, а не слаб

Не се чувствувај виновен поради тоа што се ставаш себеси на прво место

Само бидејќи не ја знаеш својата дестинација, не значи дека треба да престанеш да се движиш

Не исмевај други жени

Не заборавај на себе поради притисокот од работните обврски

 




Коментари

коментари