Има 93 години и е најстарата гимнастичарка на светот која ги воодушевува сите!

Германката Јохана Кас е најстарата аматерска гимнастичарка во светот, а наспроти фактот што има 93 години, нема проблем во изведувањето на гимнастичарските вештини кои ја воодушевуваат публиката.

Во животот сѐ е возможно, само зависи од тоа колку сте подготвени да се изборите. Најдобар доказ за тоа е Германката Јогана Кас која оваа година ќе наполни 94, а не само што е и понатаму витална, туку и физички е неспоредливо поподготвена од многу 20-годишни девојки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Late bloom (@latebloominsta) on


Нејзината приказна со гимнастиката започнала кога имала 9 години, а прв пат настапила на натпревар во 1934. година во Германија. По завршувањето на војната, гимнастиката била забранета во нејзината земја бидејќи се давало предност на тимските спортови, па Јохана се префрлила на ракомет, во кој исто така била успешна и со својот тим го освоила првенството во Источна Германија во 1954. година.

По ракометните успеси, Јохана се омажила и во бракот родила три ќерки, но ништо од тоа не ја оддалечило од нејзината прва љубов. Иако тренирала друг спорт, Јохана не можела да ја заборави својата прва љубов па одлучила да стане тренер на млади гимнастичари, а забраната за гимнастика е укината во 1947. година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Instagram Marketplace (@insellycom) on


Од својата 57. година, поточно од 1982. запознала две постари пријателки (помлади од неа 4 и 5 години), па одлучиле повторно да почнат да вежбаат и професионално да се натпреваруваат. Таа година Јохана освоила многу регионални првенства. Досега успеала да освои 11 медали од спортскитее првенства во Германија кои се одржуваат на секои 5 години.

Оваа гимнастичарка и денес се натпреварува на аматерските натпревари каде што покажува еластичност, спретност и способност. Од 13. септември 2012. година Јохана се наоѓа во Гинисовата книга на рекорди како најстарата гимнастичарка во светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gymnastics Edits • 20K (@gymnasticseliteedits) on


За неа најважен момент претставува оној кога имала 84 години и успеала да победи во гимнастичарско натпреварување и тоа во категорија во која сите останати натпреварувачи имале 70 до 75 години. Сепак, победила со еден бод предност.

Нејзиното мото гласи „Каде што има движење, има и живот“. Таа до ден денес не престанала да тренира. Секој ден вежба по еден час, а освен гимнастика сака и анцување, пливање, качување. Не се плаши од повреди и благодарение на физичката активност никогаш не била болна ниту пак пиела лекови. Рецептот за здрав живот е многу едноставен – вежбајте, спијте најмалку 6 часа и јадете многу овошје и зеленчук.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Siempre Joven (@siemprejoven_es) on




Коментари

коментари