Категории

Има ли нешто поубаво од тоа на некој да му е грижа за тебе?

А колку само е преубава помислата дека некој те сака, со сета своја сила, отворено и чисто како солза. 

Едноставно нема. Колку е прекрасно кога постои некој кој ќе ти посака добро утро и добра ноќ. Колку само топлина во душата создава кога оној кој го сакаш со сето свое срце те прашува како си и го чека одговорот, го чека затоа што вистински го интересира и ти посакува добро.

А колку само е преубава помислата дека некој те сака, со сета своја сила, отворено и чисто како солза.
Колку е само убаво тоа што можеш да се радуваш на секоја минута и иднината која доаѓа. Не постои ништо повредно од тоа да имаш некој кој верува во тебе и секој пат кога ќе заборавиш ќе те потсети колку вредиш.

Жално е што некои луѓе сметаат дека тоа се случува само еднаш во животот, или не се случува воопшто затоа што не секој ја има таа среќа.
Не!
Секој може да го почувствува тоа, ако биде доволно трпелив и ако знае да ја препознае вистинската љубов.

Прегледи:
460
Објавено на:
06.01.2020