Имаат прекрасно значење: Ова се најубавите женски имиња составени од 3 букви

Како поради звучноста при изговарање, така и поради нивното значење, родителите сѐ почесто се одлучуваат да им дадат кратки имиња на своите деца.

Ова е списокот на најпопуларни женски имиња од три букви и прочитајте ги нивните значења.

Миа– име со латинско потекло чие значење е: моја, како и кратенка од името Марија – голема, господарка.

Неа – име со италијанско потекло, а значи: нова.

Леа – име со латинско потекло, лео (леонис), но преземено е од грчкиот јазик со истото значење – лав. Леа според тоа би значела лавица.

Деа– скратен облик на името Андреа.

Ела– позади ова слатко и едноставно име се крие значењето „се“ или „потполно“.

Ена – изведено од името Ирена кое значи мир, божица на мирот.

Ема – скратено од името Емилија.

Ива – по името на дрвото ива, но како и кратенка од имињата Ивана и Иванка.

Теа – божица на грчки, но и прекар од името Теодора.

Уна – според името на реката, а на латински значи единствена.

Ана – име со хебрејско потекло, означува милосрдност, благост, светлост, добрина.

Ева– име со хебрејско потекло, означува живот, жива, онаа која дарува живот.




Коментари

коментари