Категории

Имал 150 килограми и се срамел да излезе од дома, а денес сите се вртат по него

Мартин Вудсфорт (43) имал 152 килограми кога одлучил дека е време да сврти нов лист и да почне со здрав живот. Тој ослабел речиси 60 килограми и денес изгледа толку добро, што го споредуваат со американскиот актер Џон Бороман.

Мартин отсекогаш имал проблеми со вишокот килограми, но сè кулминирало кога станал татко на тројка – добил три момчиња, Харви, Мејси и Максвел во 2008 година, пишува Daily Mail.

„Тие беа родени три месеци пред терминот и имаа различни степени на здравствени проблеми. Тоа беше најтешкиот период во мојот живот и поголемиот дел од времето го поминував во болница, па и навиките во исхраната доста ми се променија.

Имав многу здравствени проблеми, цело време одев на доктор и почнав да се грижам дека всушност можам и да умрам. Толку многу се срамев од мојот изглед, што не сакав да излегувам од дома, а немав ни енергија за било што“, искрен е Мартин.

Меѓутоа, во јануари 2012 година, сето тоа се променило.

03-martin-DHP_MAI_190116slim009JPG

„Се разбудив едно утро и помислив на моите синови, колку силно се бореа за да останат живи. Не сакав да останат без татко. Докторот ми препорача да се приклучам во “Slimming World”, група за слабеење“, се присетува Мартин, кој има и 16 – годишна ќерка.

04-martin-slabeenje-432

Откако се приклучил во таа група за слабеење, ја исфрлил целата нездрава храна од менито и ја заменил со здрави оброци кои самиот ги подготвува – и ослабел неверојатни 60 килограми. Денес изгледа толку добро, што сите се вртат по него, но тој му останал верен на својот партнер Нил Хопкингс Томас.

Во меѓувреме го открил и степувањето, со кое денес се занимава од хоби, а кое многу му помогнало во слабеењето.

05-maertin-slabeenje-32

„Иако би сакал да ослабам уште неколку килограми, пресреќен сум од тоа колку далеку стигнав. Знам дека никогаш повеќе нема да бидам оној стариот Мартин и верувам дека после ова, можам да направам сè“, вели овој згоден татко на четири деца.

06-martin-slabeenje-43

Прегледи:
354
Категории:
Занимливости
Објавено на:
25.01.2016