Имам 40 години, жена и деца. Постојано штедам за еднаш во годината да одиме на море. Дали е тоа среќа?

Пријателот ми се жали: Слушај, имам четириесет години. Секое утро имам мигрена, навечер ме боли грбот… Носам диоптриски очила, навлаки на забите, ортопедски влошки во чевлите… Од јаткасти плодови добивам осип, од масна – гастритис, од вино – киселини… Без таблети не излегувам од дома, но здрав сум „како дрен“ „Па, да“, му велам: „Ти си здрава личност. Изгледаш здраво, бидејќи болеста изгледа сосема различно!“

Како изгледа среќата?

Се случува следното: Работите многу, парите ги трошите исклучиво на децата. Јадете дома, не одите по ресторани, носите памук и одмарате само на софата во дневна соба. Приходите говорат дека припаѓате на средната класа. Еднаш годишно одлучувате да го однесете семејството до најблиското море и после се молите сметките да задоцнат за да не влезете во „минус“. Дали сте богати?

Да! Бидејќи токму така изгледа богатството! Сиромаштијата е нешто сосема друго.

Имам прекрасни, паметни деца. Но, зошто се толку непослушни и бучни? Зошто не се малку подобри во математика и малку поуредни?

Едноставно е: среќните деца така се однесуваат. Оние незадоволните се однесуваат сосема поинаку.

Тоа е сѐ што имаме! Сосема е едноставно!

„Животот е краток, зар не?“ ме прашуваш носталгично.

„Не. Долг е. Многу долг: седумдесет, осумдесет години… Тоа е многу време кое го имате на располагање. Така изгледа долг живот, бидејќи краток е нешто сосема поинакво.“

Денес се враќам од работа, поминувам покрај паркот. На клупа седат двајца старци. Ги познавам веќе дваесет години. Беа смешни, се караа, шетаа во странство, носеа сувенири, се смееја на моите шеги…

Во меѓувреме старицата некако се смалила, а старецот оди со помош на штаки… Одвај ги препознав: и оваа вечер шетаат во паркот.

Изгледа како среќа.

Ме прашуваш дали е можно тоа да е среќа? Велам: „Можно е, бидејќи несреќата не изгледа така!“

Ако имате нешто слично: Бидете сигурни дека тоа е среќа!




Коментари

коментари