Имате болки при секс? Не сте единствени, со тоа се соочуваат жени од сите возрасти

За жените од сите ворасти, болките при сескот се многу чести, воедно соочувањето се со нив знае да биде многу стресно.

Едно истражување во Британија покажало дека 1 од 10 жени во Британија, во возрасната граница од 16 до 74 години се соочува со диспарениа, односно синдромот на болки при сексуалните односи.

Истражувањето објавени во BJOG: An International Journal of Obstetrics and Gynaecology, имало 6,669 испитаници, сите сексуално активни жени. Истражувањето вели дека најчести се болките кај жените кои имаат од 55 до 64 години, но и кај оние од 16 до 24 години. Воедно, овој проблем бил маркиран како најстресен кога станува збор за ситуации во сексот кои се стресни за жените.

Kirstin Mitchell е главниот истражувач во оваа студија, зборејќи за овој проблем, односно болките при вагинален секс, таа вели дека има три најчести причини.

„Некогаш станува збор за неоткриена медицинска состојба или инфекција. За некои е недостатокот од самодоверба и несигурност за да разговараат со партнерот за тоа што сакаат, а што не сакаат. Така имаат „сексуални активности“ кои не се пријатни за нив и не уживаат. Некои се анксиозни и стегнати, па оттаму доаѓаат и болките.“ вели таа. 

 Тука тие истакнуваат дека секој треба да го прави тоа што му е пријатно и дека треба отворено да се зборува за нештата кои не ни одговараат. Воедно ги поттикнуваат сите кои чувствуваат болки при сексот да побараат стручна помош, како би се открила причината и би можеле да ужваат целосно со својот партнер.




Коментари

коментари