Имате навика да се туширате наутро или навечер: Дерматолозите откриваат што е подобро и зошто!

Експертите откриваат кога треба да се туширате во текот на денот

Иако утринското туширање е одличен начин да се разбудите, дерматолозите велат дека сепак треба да се туширате навечер пред спиење.

Со вечерното туширање, ние од кожата ја миеме потта, мастите и алергените кои се акумулираат во текот на денот. На овој начин, кожата се регенерира во текот на ноќта, а со чистотата добиваме и подобар сон.

„Во текот на денот на кожата се собираат разни алергени, па тоа може да ве иритира за време на спиењето“, велат дерматолозите.

Најважно е навечер добро да го измиете лицето пред спиење. Треба да ја измиеме маснотијата бидејќи во контакт со перницата се појавуваат акни.

Истражувањата исто така покажа дека туширањето го олеснува стресот, ги релаксира мускулите и ни помага полесно да заспиеме.

Исто така, дерматолозите советуваат дека не треба да се туширате повеќе од еднаш на ден, бидејќи прекумерното туширање и штети на кожата. Покрај тоа, секогаш треба да се користи топла вода, а не врела, особено во зима бидејќи кожата е повеќе дехидрирана од вообичаено.




Коментари

[fbcomments]