Категории

Имате сува кожа? Еве во што е проблемот

Алкохол, кафе, енергетски пијалоци па дури и диета можат да доведат до сува кожа.

Ако мислите дека исхраната нема никаква врска со тоа, тогаш се лажете. Покрај тоа, во текот на празниците морате да внимавате на уште една работа: Алкохолот предизвикува дехидрација што доведува до сува кожа.
За жените се препорачува да не конзумираат повеќе од две пијалаци дневно – вели дерматологот Ann Maree Kurzydio која препорачува да се ограничи конзумацијата на алкохол и да се замени со вода. Во текот на недела два или три дена би требало да се избегнува да се пие алкохол.

Кофеинот исто така води до дехидрирање на кожата. Бидете внимателни кога конзумирате и енергетски пијалаци како што се чајот и кафето. Докторката Joanna McMillian, нутриционист, вели дека диетата исто така делува стресно врз кожата. Недостатокот на масти во прехраната може да доведе до сува кожа, додека добрите масти како што се, плавата риба, авокадо и маслиновото масло овозможуваат маснотија од која вашата кожа ќе прими здрав изглед, вели таа.

Одредени нутриенти како што се витамините A,C,E и многу антиоксиданси се доста важни за кошата. Диетата богата со прехрана од билно подрачје како што се овошјето, зеленчукот, јаткастите плодови, семките и житариците го појачуваат внесувањето на тие витамини.

Прегледи:
268
Објавено на:
27.12.2016