Имате угостителски објект? Изберете го вашиот најдобар партнер при доставата на храна и пијалаци!

Угостителството е исклучително сложена стопанска гранка која со себе носи голема одговорност. Угостителските објекти за да се издвојат на пазарот постојано внесуваат иновации поради големата конкуренција.

Храната како најважен дел во рамките на угостителскиот објект покрај квалитетот кој е од примарно значење, треба да биде и разновидна, но и лесно достапна. Не секогаш луѓето се во можност да го посетат омилениот ресторан, зафатени со работните обврски, или пак едноставно сакаат да уживаат во посакуваниот оброк во својот дом или канцеларија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Klikni Jadi (@kliknijadi) on


Како сопственик на угостителски објект веќе знаете за што станува збор. Целата подготовка и организација на храната сама по себе бара голема флексибилност, ред и почитување на сите пропишани стандарди. Но, најважно од сѐ е да се прилагодите на барањата на потрошувачите и да ги следите нивните желби и трендови на модерното живеење. Доставата на храна е еден од најважните предуслови за развивање на вашиот бренд и претставување на своето мени.

Токму затоа постои Кликни Јади – најефикасната и најбрза достава на храна и пијалаци во градот. Кликни Јади создаде нов тренд и уживањето во омилениот оброк со нив стана едноставно, лесно и брзо. Доказ за тоа се многубројните угостителски објекти кои секојдневно соработуваат со Кликни Јади, а нивниот број постојано се зголемува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Klikni Jadi (@kliknijadi) on


Ако имате угостителски објект и сѐ уште не соработувате со Кликни Јади, дознајте кои се придобивките од најбрзата достава во градот:

  • Вашето мени се наоѓа на веб страната kliknijadi.mk, а посакуваниот оброк се нарачува со само еден клик

На овој начин добивате најдобра реклама на вашето мени, заедно со целата листа на јадења, нивната цена, а нарачувањето на посакуваниот оброк се извршува само со еден клик.

  • Брза и ефикасна достава

Откако ќе го нарачаат посакуваниот оброк од вашето мени, истиот ќе биде доставен за експресно време – без да се грижите дали навреме ќе уживаат клиентите во него

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Klikni Jadi (@kliknijadi) on

  • Поголем профит за вашата компанија

Многумина се откажуваат од уживање во својот омилен оброк само затоа што не може да биде доставен до нивниот дом или работно место. На овој начин добивате многу повеќе нарачки за кои не треба да се грижите како ќе ги доставите до локацијата.

  • Сега нема потреба да ангажирате некој од вашите вработени да ја врши доставата

Преку соработката со Кликни Јади заштедувате време и финансии, бидејќи целата обврска околу доставата ја извршуваат тие.

  • Добивате многу нови посетители на социјалните мрежи 

Социјалните мрежи се најдобриот начин за рекламирање на вашиот бренд, особено кога станува збор за храна, а преку вашата промоција на страниците на Кликни Јади каде што ќе добиете објави со вашето лого и храната која ја нудите, добивате голем број нови посетители и на вашите страници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Klikni Jadi (@kliknijadi) on


Погрижете се да создадете угостителски објект чија храна ќе биде препознатлива и лесно достапна, проширете ја вашата дејност без ограничувања. Изберете го вашиот најдобар партнер во доставувањето на храна и пијалаци- Кликни Јади за секој период од денот!




Коментари

коментари