Категории

Имавте викенд – одмор а не се чувствувате одморени? Еве зошто!

На многумина им е познато чувството кога ќе се вратат од одмор, а чувствуваат како да не ни биле. Тоа чувство е најсилно по викенд-одмори, сметаат стручните лица.

Истражувањето во кои учествувале 2000 Американци на возраст од 25-55 години покажало дека нивото на стрес останува исто кај тие кои користат одмор пократок од 3 дена. Имено, потребни се најмалку 3 дена за возрасната личност да почне барем малку да се опушта од секојдневниот стрес. Тоа е логично ако знаеме дека првиот ден од патот немаме многу време за опуштање. Вториот ден поминува во прилагодување на новото опкружување, по што може да започне процесот на опуштање. Сепак, многумина реагираат поинаку, па често на луѓето им е потребно и многу подолго прилагодување кога се на годишен одмор.
Речиси 35% од испитаниците се изјасниле дека својот одмор сакаат да го поминат во опуштена атмосфера, на пример на некое место со базен. Авантуристичкото патување било прв избор кај 38% од испитаниците, а стручните лица советуваат дека е добро да се комбинираат и двете опции. Комбинацијата од одмор и опуштање заедно си истражување на новата околина на дестинацијата на која се наоѓате е одличен рецепт за повторна рамнотежа и мир.

Прегледи:
558
Објавено на:
03.07.2019