Категории

Импресивна 3Д улична уметност создадена од Каифа Косимо

Уметникот Каифа Косимо ги разубавува улиците создавајќи импресивни 3Д цртежи. Креациите кај 3Д уличната уметност се всушност дводимензионални цртежи кои создаваат тродимензионална оптичка илузија кога се набљудуваат од одредена перспектива. Ако добро се изработат, тие можат да изгледаат многу реалистично и едноставно да ве остават без здив.