Категории

Индиска драма на Твитер – ќе се смеете до солзи додека ја читате репортажата во живо за оваа смешна ситуација

Замислете секој ден семејството да ве праќа да купите ориз од локалната продавница. Поминува многу време, и не можете повеќе да издржите. Затоа, порачувате неколку вреќи ориз на рефус, но работите нема да ви тргнат од рака така лесно, кога на вратата ќе ви пристигне буквално една цистерна со ориз.

Токму ова му се случило на зетот на еден Индиец кој се вика Шив Рамда. Шив се нашол во центарот на овој комичен инцидент, и почнал да објавува што се случува во истиот момент на Твитер, но колку повеќе твитал, толку посмешна станувала ситуацијата. Подоле имате превод од целиот Твитер „скандал“, кој ќе ве насмее до солзи.

„БОЖЕ ГОСПОДЕ. Зет ми, подарокот кој не престанува да подарува, бил уморен од тоа да го праќаат секој ден по ориз, и зборнал со продавницата и се договорил да му донесат на рефус. Сега има буквално ЦЕЛ КАМИОН НАПОЛНЕТ СО ОРИЗ надвор од куќата и сестра ми ќе збесне.“

Ако досега немате слушнато жена како уништува маж со една реченица 25 пати по ред, треба да ја запознаете сестра ми. Престрашна е во моментов, јас сум на телефон и преплашен сум иако не ми е ни мене лута.

Да појаснам, ова е во Индија и кога ќе речам камион, не мислам на мало комбенце туку е БУКВАЛНА ЦИСТЕРНА ПОЛНА СО ОРИЗ.

Новост: Зетот сега преговара со шоферот на камионот. Мојата побарувачка да бидам пуштен на спикер, беше одбиена, но можам да потврдам дека беше понуден и одбиен поткуп. Не знам дали поткупот се одби поради принцип или цена.

Новост број 2: Зет ми сака сите што читате да знаете дека сум идиот што го твитам ова и дека ова не помага

Како хорор писател, сега потврдувам со доказ дека се’ може да биде хорор. Штотуку гледав како лицето на човекот се стутка во терор, прашувајќи: „Зошто е уште пред мојата куќа!?“

Новости за драмата: Зет ми објасни дека мора да го земат  оризот и да платат, но на сред објаснување реши сепак да излезе и да продолжи да се ценка со шоферот. Одличен пример за инстиктот за бегање кај цицачи, кога се сретнати со смртната казна.

Странична новост: Исто така мора самите да го извадат цел тој ориз од камионот.

Новост: Сега му се јавуваат на сопственикот на складилиштето. Тој не прима повици, па се продолжува со преговарање на лице место.

Во цело ова сакам да ми се приклучите да ѝ се заблагодариме на мајка ми, која си ја одржува должноста да го носи телефонот надвор-внатре и да пренесува информации во меѓуврме, со тоа што исто така одржува социјална дистанца и продолжува да придонесува до оваа изваја во живо, на оваа долга криза.

Новости: Зет ми напредува. Возачот и помошникот му прифатија цигари. Преговорите продолжуваат додека тројцата пушат цигари.

Новост: Шоферот штотуку се насмевна на нешто што зет ми кажа. Зетот исто така се смее. Цигарите можеби беа многу паметен подвиг. Се враќаме назад дома да ја информираме сестра ми.

Клучна новост: Цигарите всушност биле огромна стратешка грешка, бидејќи наводно зет ми ја уверил сестра ми дека се откажал од пушење, и не смеело да имаат дома цигари со кои би ги поткупил овие луѓе.

Новост: Бидејќи нема жртви во моментот, сестра ми ме прашува дали јас сум знаел за ова. Можеби периодов ќе доцнам со новости додека се колнам во својата невиност и додека се обидувам да не станам колатерална штета во оваа приказна на Индискиот масакр.

Новост: Ја убедив сестра ми дека не сум член во ова. Меѓутоа, со мајка ми повторно сме надвор бидејќи татко ми штотуку влезе и ја праша сестра ми: Што е со камионот надвор и зошто го имаш побарано?

Новости за зет ми: Сопственикот на складилиштето се’ уште не прима повици, но се дозна за некој негов лик кој кажа да му се јават на некој Ману, кој ќе ја среди работата. Замо тоа го знаеме: Ликот се вика Ману, ова му е бројот и тој ќе ја среди работата. Тој е господинот Волк на складилишните проблеми.  

Новост: Ману не крева телефон.

Новост: Татко ми дојде надвор и ѝ се приклучи на надворешната екипа. Мајка ми го праша зошто е овде. Тој ја праша неа зошто е таа овде.

Сите сме овде. 

Новост: Ману штотуку се јави.

Ману сега зборува со возачот. Тој се нервира. Тој е вистинската жртва (Донекаде се согласувам)

Ману сега разговара со зет ми. Зет ми се лути. Ману побара да разговара со шоферот повторно.

Јасно е дека Ману верува во тоа да ги слушне сите страни од конфликтот, пред да донесе одлука. Сега разговара со асистентот на шоферот. Мудар судија. Можеби ќе сака и со мене да разговара. Можам да се надевам.

Ману сега повторно разговара со зет ми. Досега не покажа интерес да разговара со нас. Ова е понижувачко.

Мајка ми го кара татко ми бидејќи бараше да разговара со Ману. Татко ми е сега избркан внатре како казна. Во меѓувреме, зет ми и Ману не наидоја на заедничко решение.

Татко ми се обиде да избега од полицискиот час и да се врати надвор. Сега тврди дека не му е повеќе грижа за ситуацијата и прашува каде е вечерата, по ѓаволите, и изјавува дека ќе влезе внатре да гледа вести бидејќи состојбата во светот е побитна од некој си таму камион. 

Валидни точки, но скептичен сум.

ИТНИ ВЕСТИ: МАНУ ДОАЃА

Прво очигледно, Ману мора да разговара со шоферот. Овој Ману е зборач, некако многу има да каже со секој. Освен со мене. Еј Ману, никој не сака сноб. И јас сум личност.

Телефонот е исклучен. Сега го чекаме Ману. Ману се јави повторно: Се загубил и му требаат насоки.

Мајка ми не’ тера сите да јадеме дури чекаме. Иронично, на менито нема ориз.

Новост: Мајка ми се јави. Изгледа дојде Ману.

Океј, надвор сме (извинете за задоцнувањето, но зависиме од мајка ми на која не ѝ е грижа за ништо додека се јаде, дури ни за Ману)

Бидејќи знам дека ми беше многу битно ова и се прашував, Ману некако изгледа разочарувачки обично. Само е нормален, случаен чичко во блузичка и пантолончиња. Тажно!

Зет ми се расправа стравствено. Ману е емпатски настроен, бидејќи клима со главата.Сега Ману клима со главата на тоа што го зборува шоферот. Ману на сите им клима со главата.

Зет ми штотуку ја извлече „Дали си ти женет“ картата. Ова ескалира. Се евоцираше сопружната емпатија на Ману.

Испаѓа дека Ману е женет. Зет ми е видно олеснет. Шоферот им објаснува дека и тој е женет.

Во трагичен заплет, никому не му е гајле за дискусија во врска со бракот на шоферот. Сега навивам најмногу за шоферот.

Изгледа дека Ману зборува за некаков компромис. Изгледа компромисот е зет ми да купи неколку* вреќи со ориз, а Ману ќе направи остатокот од оризот да го снема.

*бројот е под преговори 

Зет ми сега вика дека може да земе 10 торби, но дали Ману ќе сака шише скоч? Навистина ја ценам посветеноста кон корупција на овој човек. Заплет: Ману наводно апстинира од алкохол.

Шоферот изјавува дека тој би прифатил шише виски. Или дека би прифатил и рум, исто така. Флексибилен е.

Ману го информираше дека нема да добие ништо такто. Шоферот изгледа несреќно. Сега не му зборува на Ману.

Зет ми направи неверојатен камбек и прати да се купи рум за шоферот. Ја експлоатира кавгата.

Еден чичко од комшии се појави, носејќи курта пижама. Сака самиот да го среди проблемот. Чичкото од комшии веднаш се одјави бидејќи не носеше маска и тетката од комшии го искара.

Во меѓувреме, зет ми и Ману изгледа се договорија на нешто. Зет и ќе земе 20 вреќи, а Ману 25. Шоферот не се ни труди да го сокрие задоволството.

Вкрстија раце. Изгледа се донесе конечен договор.

Последни услови: 23 вреќи, едно шише Old Monk, едно шише скоч*. Сите се уморени.

*шоферот е најдобар преговарач од сите

УШТЕ НЕ Е ГОТОВО. КОЈ ЌЕ ГИ СМЕТНЕ ОВИЕ 23 ТОРБИ, СЕ ПОЧНА КАРАНИЦА

На шоферот му е преку глава. Му кажа на помошникот да ги сметнува торбите. Помошникот, шоферот и зет миги сметнуваат торбите. Ова ќе одземе време.

На Ману работата е завршена, тој си оди. Ова не е единствена криза што несомнено мора да ја реши денес. Нема одмор за елитниот специјалист.

Чичкото од комшии повторно се појави, сега носејќи маска. Зет ми му рече да помага со торбите. Не мислам дека сум видел постар човек да си оди накај дома толку брзо.

Тука завршува оваа твитер драма. Се надеваме дека и вие се смеевте колку и ние додека ја преведувавме!

 

 

 

Прегледи:
666
Објавено на:
04.09.2020