Инспиративна приказна: Полна соба со балони!

Група од 60-тина деца во една градинка имале час по спорт. Наеднаш наставникот застанал и одлучил да организира групна активност. Најпрво им дал на сите по еден балон. Секој си го напишал своето име со маркер на балонот. Потоа сите балони ги ставиле во една голема соба.

Понатаму, сите од групата ги пуштиле во собата и им дале задача секој да си го пронајде својот балон во рок од 5 минути. Сите трчале, се буткале и се обидувале да си го најдат името, судрувајќи се меѓусебно, туркајќи ги другите и создавајќи вистински хаос.

После извесно време, само неколкумина успеале да го најдат својот балон.

Потоа, секој требало да избере по еден балон и да му го даде на личноста чие име е напишано на балонот. За неколку минути секој го имал својот балон.

Тогаш наставникот им ја кажал поуката од оваа заедничка игра: Сето ова се случува со нашите животи. Сите очајно ја бараме  среќата околу себе, не знаејќи каде таа се наоѓа. Нашата среќа лежи во среќата на луѓето околу нас. Дајте им среќа на луѓето и  ќе ја добиете сопствената, бидејќи тоа е суштината на нашето постоење.




Коментари

коментари