Инспиративна приказна: Животот е огледало на твоите дела!

Еден ден, некој човек со својот син се шетал во шумата. Одеднаш момчето застанало бидејќи било изморено и извикало: „Ахх…“ Ненадејно се слушнал глас кој доаѓал од планината: „Ахх…“ Момчето било обземено од љубопитноста па прашало: „Кој си ти?“

Ама, одговорот кој го добило, бил: „Кој си ти?“
Ова го налутило, па повторно извикало: „Кукавицо!“
Гласот одговорил: „Кукавицо!“ Момчето го погледнало својот татко и го прашало: „Тато, што се случува?“
„Сине“, рекол таткото, „Внимавај подобро…“ Тогаш таткото викнал: „Ти се восхитувам!“
Гласот одговорил: „Ти се восхитувам!“
Таткото повторно викнал: „Прекрасен си!“ Гласот рекол: „Прекрасен си!“

Момчето стоело изненадено, но сè уште не сфатило што се случува.​
Таткото му објаснил: „Луѓето ова го нарекуваат ехо”. Но, тоа всушност е живот.

Животот секогаш ти го враќа тоа што го даваш. Животот е огледало на твоите дела.

Ако сакаш повеќе љубов, пружи повеќе љубов.
Ако сакаш повеќе добрина, пружи повеќе добрина.
Ако сакаш разбирање и почитување, тогаш имај разбирање и почит.
Ова правило се однесува на секој аспект од животот. Животот секогаш ти го враќа тоа што го даваш. Текот на твојот живот не е случајност, тој е огледало на твоите дела!




Коментари

коментари