Инспирација за вашата пролетно – летна свадбена прослава

Топлите денови се совршени за одржување на разни прослави под отворено небо, дали станува збор за дневна прослава во амбиент со зеленило, каде сончевите зраци го креваат расположението на друго ново или пак романтичните вечери под ѕвездено небо.

Пролетно – летната свадба е уште поубава заради изобилието на различни цветови со кои може да биде закитена вашата прослава, а свежината на боите дава посебна позитивна енергија на целиот настан.

Како последен тренд и омилени кај невестите се цветните аранжмани создадени со најразлични цветови, а топлите денови се идеални за малку шаренило или пак секако, едноставните цветови во една боја во комбинација со зеленило се одлична елегантна опција.

Високите стаклени вазни со убави цветни аранжмани нудат софистициран и елегантен изглед на масите, а исто времено заради висината не создаваат бариери меѓу гостите со што се создава комплетен и убав амбиент.

Металните нијанси се тренди во секој аспект од модниот свет, од најразлични модни додатоци, чевли и чанти, па се до парчиња облека, во тој случај не изостануваат и свадбените прослави.

Елегантната прослава гарантирано ќе биде однесена скалило погоре со метални детали, како златно розевата, бакарната или сребрена, изборот е ваш.

Топлите денови нудат убава можност за уживање во отворениот простор, па зошто да не и да ја крунисате вашата љубов наместо во затворените општински простории, во отворен и елегантен простор. 

Уникатен простор и единствен досега прилагоден за таа намена е просторот на ресторанот Алликас, кој ви нуди филмско доживување со прекрасен амбиент, каде сите гости ќе бидат сведоци на вашето стапување во брак.

Кога станува збор за свадбената торта, класичните свадбени торти никогаш не излегуваат од мода, но секогаш постојат модификации и различни стилови во зависност од трендовите и секако желбата на младоженците.

Главните трендови во однос на тортите се во металните нијанси, како и класичните бели со ефекти на чипка.

Новост се тортите со цртежи како уметнички дела, а неизбежни се цветните торти.

Храната која ќе биде служена на вашите гости е исклучително важна, а за тоа дозволете да се погрижат професионалци кои тоа го прават многу добро.

Тимот од професионалци во новиот ресторан во Секопје, Алликас, воден од проф. Небојша Вуковиќ создаде менија коишто содржат уникатни јадења, а кои ќе ви овозможат незаборавно гастрономско уживање. Менито кое го нуди ресторанот може да го погледнете на следниов линк.

Покрај уникатното мени, ресторанот има елегантен и несекојдневен изглед. Совршен е за летни свадби заради отвореноста на просторот, а зиме се затвара со стаклена фасада што. Со системот на подно ладење и греење, постојано има совршена клима и амбиент.

На крајот запаметете, дека трендовите постојано се менуваат и сите имаат различен вкус, вашата свадбена прослава нека ве одслика вас, вашата љубов и вашите желби.




Коментари

коментари