Инстаграм подготвува револуционерна опција

Популарната социјална мрежа Инстаграм, наскоро би можела да ги следи стапките на Фејсбук, со тоа што ќе ја воведе опцијата за видеа во живо, пишува “The Verge”.

Преносите во живо на Фејсбук стануваат сѐ попопуларни, а со оглед на тоа што Инстаграм е во сопственост на оваа компанија, овој чекор изгледа како логичен потег.

Самата опција ќе се нарекува “Go Insta”, а сега за сега се тестира во неколку држави, меѓу кои е и Русија.

Фејсбук верува дека вирутелната реалност е иднината на технологијата, па постојано вложуваат во таквите технологии. Од Инстаграм сѐ уште нема официјално соопштение за новата опција.

e2

e3




Коментари

коментари