Инсталацијата дождовен „лустер“ може да собере и до 360 килограми вода! (ФОТО)

Висејќи во подножјето на боровите дрвја во Италија, инсталацијата на Џон Грејд „Резервоар“ изгледа како блескави лустери на отворено. Сочинета од 5.000 јасни „капки“, таа е во интеракција со природата, овозможувајќи им на луѓето да го визуализираат влијанието на дождот и снегот.

„Најсреќен сум кога сум во природа, така што една од главните работи што сакам да ги направам со инсталациите е да се фокусирам на аспектите односно на оние нешта кои најмогу сакам да ги правам кога сум во природа“, изјави Џон.

Како што се акумулираат дождовницата или снегот во капките, положбата и обликот на мрежите станува сѐ пониска и се менува обликот.

„Дојдов до идеја за проектот поминувајќи долго време низ шумата, шетајќи и седејќи додека размислував за тоа колку добро се чувствувам кога сум таму. Тивките звуци на врнежите  беа мојата почетна точка на инспирација.




Коментари

коментари