Категории

#ИнстаСреќа: Дечиња кои реагираат на откривање на полот на новото бебе во семејството (ВИДЕО)

Сина или розова? Дознавањето на полот на бебето е многу возбудлив момент не само за семејството  туку и за пријателите на идните родители.

Креативните настани по повод откривање на полот на бебето станаа сè попопуларни меѓу паровите кои сакаат да го дознаат полот на своето бебе пред раѓањето. Некои идни родители организираат забави за откривање на полот за да го откријат полот на нивното бебе на уникатен начин, како на пример, нивните најблиски да ги покријат во боја на прав, балони во боја во зависност од полот, огномети во боја, торти со различна декорација и сл. Гостите кои присуствуваат на забавата обично не се очекува да донесат подарок за идните родители или за бебето.

Во меѓувреме, некои идни родители тоа го прават  со минимално одбележување во кругот на потесното семејство, каде се претставени реакциите на нивните веќе постоечки дечиња на тоа како ќе реагираат доколку им соопштат дали ќе имаат братче или сестриче.

Ви претставуваме уникатно смешни инсерти каде на забавен и сладок начин реагираат дечиња кои ќе добијат нов член во семејството. Погледнете!