Категории

#ИнстаСреќа: Инстаграм профил кој ќе ве инспирира и ќе ви даде идеја како да ги оживеете вашите оброци дома

Инстаграмот е одлично место за инспирација. Без разлика дали сте љубител на готвење или ги правите првите обиди во кујната, овој Инстаграм профил ќе ве инспирира и ќе ви даде идеја за да ги оживеете вашите оброци дома.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana (@ana_kitchen_corner)

Ана е мајка на две деца која своето опуштање и релаксирање го гледа во тоа мало катче од секој дом наречено кујна. Таа на својот инстаграм профил @ana_kitchen_corner ја споделува својата љубов кон храната.

Нејзините креации се разнобојни и прекрасно претставени.

 

View this post on Instagram

“ Спремањето храна го доживувам како мое хоби кое го надополнувам со многу љубов и внимание секогаш кога сум во можност. Среќна сум кога спремам нешто за моето семејство и моите пријатели, тоа ми ја полни душата и ме исполнува. Не сум професионален готвач, но уживам во тоа што го правам . Поради тоа тврдам дека љубовта е најдобар зачин за совршен вкус ,,

Нејзиниот Инстаграм профил е исполент со прекрасни фотографии од храната која ја спрема, на кои дури и најосновната храна изгледа убаво.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana (@ana_kitchen_corner)

“Спремам храна од секојдневието бидејќи не се образувам кон едно нешто. Се што ми е испробано и вкусно го пренесувам преку слика и морам да признаам дека и убава фотографија ми е предизвик ,,

Па доколку сте љубител на одлична храна и сакате да ги изненадите домашните со некој вкусен оброк, тогаш нашата препорака е да го заследите овој инстаграм профил (@ana_kitchen_corner ) и да уживате во рецептите кои ви ги нуди.

Прегледи:
203
Објавено на:
02.12.2020