Категории

#ИнстаСреќа со Евгениј Хоуп: „Некогаш бев талкач, а сега сум трагач. Некогаш се восхитував на туѓите авантури, а сега создавам свои.“

Авантурист, писател, инстаграмџија…лик на кој сигурно ќе налетате доколку отворите инстаграм. Ќе ви го освои вниманието со одличните фотографии и писанијата под нив, во кои можете да го видите сиот негов авантуристички дух, безразлика дали се од далечни места или истражувајќи ги скриените убавини на нашата земја. 

Милош Димковски се „крие“ зад псевдонимот Евгениј Хоуп, под кој го напиша и неговиот роман „Годините кога научив да летам“ за неговото автостоперското патување низ Европа.

Кој е Евгениј Хоуп, а кој Милош? Има ли разлика меѓу нив? 

Кога пред седум-осум години во себе го открив Евгениј Хоуп, немав јасна претстава за тоа што претставува тој ентитет. Ми требаше време за да го дефинирам тоа поимање. Нашето заемно разбирање започна од 2014 година, кога се препуштив на автостоп патувања. Од тогаш Милош ги спознава работите, а Евгениј Хоуп ги раскажува. И мора да додадам дека немам подобар travel buddy од раскажувачот во мене.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Evgenij Houp (@evgenij.houp) on

Евгениј Хоуп го знаеме по авантурите, па кажи ни дали таа љубопитност за истражување на светот е од мали нозе, како почна твоите авантури?

Несигурноста што постоеше во мојот живот ме мотивираа да излезам на отворени патишта. Периодот кога повеќе имав прашања, отколку одговори само ги поставија темелите и оттука започна мојата лична одисеја. Зародишот на нештата секогаш прераснува во нешто поголемо, посебно. Нешто поблиску до ова тука и сега. А, отфрлањето на комфорот зборуваа за решителноста што ја носам во себе.

Сакам да кажам дека некогаш бев талкач, а сега сум трагач. Некогаш се восхитував на туѓите авантури, а сега создавам свои. Некогаш пливав во туѓи приказни, а денес ги раскажувам своите…

Кое место ти има оставено најсилен впечаток? Кое место котира највисоко на твојата wishlist?

Оние што се запознаени со моите патувања знаат дека Португалија ми е омилена држава. Таму имам престојувано неколку месеци, и како што минува времето гледам дека сите патокази ме наведуваат натаму. Во јануари бев да го посетам најјужниот дел на Португалија наречен Алгарве. Самиот контакт со Атлантскиот Океан и можноста да чекорам по ситната песок од тоа патување создадоа спомени на кои долго ќе се сеќавам.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Evgenij Houp (@evgenij.houp) on

А, мојата wishlist е прилично долго. Да речеме сакам конечно своите патувања да ги продолжам надвор од Европа. На пример, Мароко за почеток. Знам дека тоа ќе бидат патувања кои ќе ми откријат сосема други перспективи во животот. Едвај чекам!

Писател и новинар, може да заклучиме дека пишаниот збор е твојата животна преодредба? Што следи после „Годините кога научив да летам“?

Потребата да раскажувам отсекогаш е присутна во мене. Во „Годините кога научив да летам“ претставив еден период од мојот живот. Да речам будењето на авантуристот во мене и поимањето на дом и припадност беа главниот двигател низ она што минував тој период. Кога станува збор за ново дело, сè уште не можам да кажам кога ќе биде издадено. Се надевам наредната година. Барем знам дека е започнато на самиот почеток од оваа година и тоа во Portimão, Португалија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Evgenij Houp (@evgenij.houp) on

Првото нешто со кое привлекуваат инстаграм профилите се квалитетните и интересни фотографии. Оттаму, неизбежно прашање во категоријата посветена на инстаграмџии е токму темата – фотографија.  

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Evgenij Houp (@evgenij.houp) on

Со што најчесто фотографираш и како ги обработуваш фотографиите?

Во моментот користам Canon EOS 80D и GoPro 5. Наскоро планирам да се снабдам со дополнителна опрема, а фотографиите ги обработувам во Lightroom. Никогаш не објавувам фотографија на друштвените мрежи пред соодветно да ја обработам.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Evgenij Houp (@evgenij.houp) on

Што те прави среќен?

Соочување со нештата од кои не сум сакал да признаам дека се дел од мене. Иако боли на почетокот, на крајот се преродуваш како феникс.

 

Прегледи:
751
Објавено на:
20.04.2019