#ИнстаСреќа со највкусните инста приказни: „Сакам да им создадам свет на приказни и фантазии“

Пред само неколку месеци на инстаграм се појавија вкусни приказни кои веднаш го освоија интернет просторот. Колоритни, игриви, лични… вкусните приказни на мама Весна, на симпатичен начин ни го претставуваат животот на ова семејство и животот со 5 годишниот Максим и осум месечната Ника.

Убаво декорирани чинии, еднакво добро и вешто раскажани приказни ќе бидат причината зошто веднаш ќе го заследите овој профил, кој ќе ви го разведри секојдневието.

Како се роди идејата за „Вкусни приказни“?

Идејата се роди од моето залагање на Максим во исхраната. Идеите за оброците се родија во нашата група за здрава храна на фејсбук „Здрава храна, здрави деца!“ каде што сум дел од админ тимот. Сакав да јаде здраво, домашно и шарено. Така и му ги приготвував оброците. Кога веќе беше на возраст да прашува, учи, раскажува, започнав и креативно да сервирам за да му доближам многу ситуации. На почетокот јас бев таа која раскажуваше, а тој прашуваше. Сега, имаме интеракција и веќе израсна во момченце кое разговара и љубопитно прашува.

 

View this post on Instagram

 

The winner takes it all 🥇🚲 За да научиш да станеш и да продолжиш, треба прво да научиш да паѓаш. Мислам дека секој од нас го има слушнато советов во врска со нашите детски активности и совладување на некоја вештина. Така е и со возењето велосипед, ролери, скејтборд и сл. Така ќе е и понатаму во животот за било какви ситуации, но тоа е веќе друга тема 😊 Максим вчера научи да вози велосипед без помошни тркала! Гордо го извикувам ова, зашто неговата среќа нема крај. Мал чекор за човештвото, огромен за него 😂 херојски подвиг ♥️ Вчера со тато поминаа некое време надвор за да научи и успешно завршен предизвик. Затоа, од тато доби медал и се фали за истиот 😍па, дури и како удрил во кантите 🙄😳 Нивната среќа го движи светот нанапред ♥️ . . . . #kiddish #kidsfoodart #kidsfoodideas #foodart #foodartblog #foodforkidshealth #foodartblogger #healthyfoodblogger #foodartist #foodideas #foodforkids #creativebreakfast #couscoussalad #najmilinajmali #вкусниприказни #инстаграмџии #инстаграмџики #фотонаденот #фотонанеделата #деца #љубов #среќа #храна #мама #мамаблогер #мајка #мајкаблогер #инфлуенсермк #здравахрана #наточак

A post shared by Вкусни Приказни (@vkusniprikazni) on

Приказните кои ни ги „сервираш“ се инспирирани од вашето секојдневие како семејство, но која е Весна?

Приказните ги наоѓам насекаде околу мене. Весна е жена на 36 години со дух кој постојано истражува. По природа ведра, непосредна и понекогаш неорганизирана, но од друга страна креативна и емотивна. Честопати си ги комплицирам работите околу мене, но за некои ситуации знам да донесам одлука брзо и без двоумење.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Вкусни Приказни (@vkusniprikazni) on

Со твоите приказни од секојдневието успеваш и нам возрасните да ни „одржиш по некоја лекција“, но што е тоа што сакаш да ги научиш Максим и Ника?

Сакам да им создадам свет на приказни и фантазии. Нешто што ни недостига глобално. Не мечтаеме, не фантазираме, детството е сведено на задачи и активности кои повеќе прилегаат на возрасните, отколку на децата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Вкусни Приказни (@vkusniprikazni) on

Децата треба да бидат деца. Да грешат, да прават неочекувани работи, да бидат љубопитни и палави и да нѐ научат нас возрасните да не очекуваме премногу од себе, растејќи ги нив. Да бидат наша љубов, а не наш проект. Колку и да е тешко и понекогаш невозможно, сите нивни емоции се нешто кое нам треба да ни даде патоказ во родителството.

Сакам да им покажам пример кој не мора да го следат. Сакам да ги инспирирам да бидат подобри од мене. Посмели, посреќни и повеќе да учат. Здравата храна не е мој проект, туку секојдневие кое го бојам во различни бои. Ако успевам да допрам до нив и до останатите, се сметам за среќна и успешна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Вкусни Приказни (@vkusniprikazni) on

 

Како оди процесот на создавање на фотографиите?

Ќе треба да ставам некогаш time lapse photo, забавно и тензично. Хахахах. Јас како лаик за фотографија, а од друга страна креативец, си замислувам дека баш сѐ може да се претстави. Но, н секогаш е изведено согласно идејата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Вкусни Приказни (@vkusniprikazni) on

Најчесто и помага сопругот кој е снимател и фотограф, а некогаш и Максим меша прсти во процесот на создавање. Фотките ги сликаат со Sony alpha 7, а ги обработува во Lightroom.

Која е твојата дефиниција за среќа?

Мислам дека порано ми беа понереални критериумите и очекувањата за среќа. Среќна сум кога сите околу мене и секако јас сум здрава. Тоа е основата. Останатите мигови се зачините. Да растеш дете во себе е среќа. Да го научиш да сака. Да испиеш чаша вино со партнерот. Да го живееш моментот, а да мислиш на иднината.

 

View this post on Instagram

 

Ние денес во парк на сонце 😂🌞 Еве, сме. Мајка, татко и две деца. Пролетна слика за пролетна приказна. Кога му го сервирав појадокот на Максим, не му кажав ништо. Го прашав само, што е тоа? На што ти личи? Не кажа: на пилиња, туку сигурно одговори: ова сме јас, мама, тато и Ника. Така и беше 💛 Критиката беше насочена кон сонцето, зашто сонцето не било портокалово, туку жолто 🙄 Okey 🤭😂 Денес беше вистинска пролет. Од утре пак малку зима 😂 Како ги користите овие невообичаено топли денови? Долги прошетки или надвор од градот? . . . . #kiddish #kidsfoodart #kidsfoodideas #funnyfoodart #foodartblog #foodartist #foodforkidshealth #foodartblogger #healthyfoodblogger #foodforkids #foodideas #creativefoodideas #kidsbreakfast #creativebreakfast #motherhood #najmilinajmali #вкусниприказни #инстаграмџии #инстаграмџики #фотонаденот #фотонанеделата #деца #љубов #среќа #храна #мама #мамаблогер #мајка #мајкаблогер #здравахрана

A post shared by Вкусни Приказни (@vkusniprikazni) on

Вкусни приказни е мојата среќа. Она што ме прави ранлива и храбра е мојата среќа. Да гледам како се менувам. Не постои дефиниција за среќа. Таа е бесконечна и менлива за да се стави во рамка на било каква лична дефиниција. Би можела долго да пишувам за среќата, ама ќе ја ограничам, и ова што сега го напишав е една нота на среќа.




Коментари

коментари