#ИнстаСреќа: Запознајте го Милкшејк – слаткото албино куче со розово крзно кое е вистинска Инстаграм ѕвезда

Ова е ретка врста на мопс за која се верува дека ги има помалку од 100 во целиот свет. Милкшејк ужива во својата слава на друштвените мрежи благодарение на својот уникатен изглед.

Целосното име му е Милкшејк, а живее со својата сопственичка во Лондон. Го воодушеви интернетот со своите неодоливи, детски сини очи, розово тело, ушиња и шепи и проѕирно крзно кое му дава блескава розова нијанса.

Бидејќи мопсовите имаат проблеми со наборите на кожата на лицето, секое утро, неговата сопственичка го мие негово лице и става посебна пудра за него. Таа тврди дека Милкшејк има подобра рутина за нега отколку неа самата. Розовото крзно на Милкшејк е предизвикано од недостатокот на пигментација која е наследна. Албинизмот е генетско пореметување кое често се појавува заедно со други здравствени проблеми како чувствителност на сончева светлина и слепило. Но, за среќа Милкшејк не наследик нити еден од тие други компликации, ја наследил само албино бојата.

Милкшејк има само 17 месеци а веќе го следат повеќе од 60 илјади follower-си на Инстаграм. Неговата сопственичка изјави дека доста го разгалува со неделни посети на спа центри за кучиња, со редовни прошетки во слатки комбинации за фотографирање. Со споделувањето на неговиот луксузен начин на живот, Милкшејк стана petfluencer кој го познаваат каде и да се појави.

Тој исто така учествува во изложби за кучиња и често се дружи со модни инфлуенсери на разли случувања. Тој има и свој тренер кој го учи да „глуми“ во реклами и филмови.

Кога не е премногу зафатен со сиот тој сјај, гламур и слава, Милкшејк е само сакан и разгален миленик кој секојдневно ги развеселува луѓето околу себе.

 

 




Коментари

[fbcomments]