Интелигенцијата без амбиција е како птица без крилја: Најпознати мисли на Салвадор Дали!

Салвадор Дали е шпански сликар и протагонист на надреализмот во Франција и САД. Овој екстравагантен уметник познат по своите необични мустаќи и ексцентрични убедувања и претставува еден од најзначајните уметници на 20-тиот век. Во негова чест ви претставуваме некои од неговите најпознати мисли!

Постои само една разлика помеѓу мене и лудакот. Лудакот мисли дека е нормален, а јас знам дека сум луд.

Интелигенцијата без амбиција е како птица без крилја.

Сликањето е најискрената уметност во која нема можност да излажеш. Или е добро или е лошо.

Постојат денови кога помислувам дека ќе умрам од предозирање со задоволство.

Секое утро откако ќе се разбудам го искусувам најголемото задоволство – а тоа е фактот дека јас сум Салвадор Дали.

Кога некоја жена купува машка кошула, тогаш е заљубена. Кога ја пегла, тогаш е омажена. Ако притоа и пее, тогаш е и првото и другото.

Кога имав 6 години, сакав да бидам готвач. Кога наполнив 7, сакав да бидам Наполеон. И мојата амбиција продолжи да расте понатаму.

Разликата помеѓу вистинските и лажните спомени е иста како и разликата помеѓу вистинските и лажните дијаманти: оние лажните секогаш изгледаат вистински и сјаат со најсилен сјај.

Не се плашете од совршенството. Никогаш нема да го достигнете.

Затоа што не пушам, одлучив да носам мустаќи, што е подобро и по моето здравје.

Војните никогаш не повредиле никого освен луѓето кои погинале.

Доколку се однесуваш како гениј, тоа и ќе бидеш!

Поставени како двајца стражари, мустаќите го забрануваат пристапот до мојата личност.

Тајната на моето влијание отсекогаш била во тоа што остана тајна.




Коментари

коментари