Интересни факти за ГУШКАЊЕТО и неговото влијание врз психичката и физичката состојба

Знаете ли како влијае гушкањето врз нас и каков ефект има врз расположението, а и крвниот притисок?

Сигурни сме дека уживате кога некој убаво ве гушне, а дали знаете како тоа точно влијае врз расположението, здравјето па дури и имунитетот? Ќе ви откриеме како се гушкаат луѓето и каков ефект има истото.

1.Голем број луѓе „тргнуваат“ кон гушкање така што прво ја подигнуваат десната рака

2.Најголем број луѓе кога одат некому во прегратка му ја вртат левата страна на телото која ја контролира десната страна од мозокот, која процесуира позитивни и негативни емоции.

3.Вистинската, огромна прегратка го стимулира нервниот систем, го намалува чувството на осаменост и страв и го подигнува расположението.

4.Едно истражување објавено во „Журналот на психолошките науки“ покажа дека прегрнувањето дури и плишани играчки, го намалува стравот од смрт и од сопствената смртност.

5.Колку повеќе грушкање, толку помал притисок. Хормоните кои телото ги ослободува после убаво гушкање не влијаат само на расположението туку и на физичкото здравје на организмот. Кога некој пријатно ќе ве допре, чувството на кожата ги активира рецепторите на притисок кои испраќаат сигнал на делот од мозокот кој меѓу другото, го контролира притисокот.

6.Имунитетот исто така „обожава“ гушкање. Знаете и сами, кога сте заљубени се чувствувате непобедливо, а тоа е поради окситоцинот кој се ослободува во телото.Овој хормон на „убаво чувство“ во текот на гушкањето, оди рака под рака со хормоните кои се борат против инфекциите.

7.Гушкањето, како и бакнвуањето и галењето, го намалуваат чувството на болка.

8.Бебињата кои се често гушкани и галени во текот на растење стануваат возрасни луѓе кои ретко ги погодува стрес.

9.Важно е колку трае! Прегратките кои во главно се попатни, при поздравуање, траат смао секунда или две. За прегратката да има ефект врз нас, потребно е да трае најмалку седум секунди.

10.Гушкањето ја намалува друштвената анксиозност и го инспирира позитивното мислење.




Коментари

[fbcomments]