Категории

Интересни факти за коњите

Коњите се највеличествените суштества на планетата коишто пленат со својата мистичност. Во Олимписките спортови, коњите се единствените животни коишто се вклучени, а има и зошто.

Тие се многу интелигентни животни, а исто така се и способни да формираат силни емотивни врски со своите сопственици. Еве неколку интересни факти за нив:

1. Коњите имаат 10 различни мускули во ушите. Како резултат на тоа, можат да го движат секое уво посебно, независно од другото.

2. Тие не можат да дишаат преку устата како што можат луѓето.

3. Бидејќи нивните очи се од страните на нивната глава, тие можат да гледаат во речиси сите насоки.

4. Коњите можат да ги разберат и да ги интерпретираат човечките емоции. Нивните срца чукаат побрзо кога ќе видат налутена личност отколку кога ќе видат весела личност.

5. Тие се многу социјализирани суштества, го поминуваат времето со оние коишто се спријателиле.

6. Коњите можат да спијат додека стојат.

7. Коњите имаат само една коска помалку од луѓето, односно 205.

 

Прегледи:
333
Објавено на:
01.12.2022