Категории

Интересни факти за животните кои ќе го променат начинот на кој ги посматрате

Се проценува дека нашата планета ја населуваат околу 8 милиони животински врсти.

Со самото тоа нивната разноликост го доведува во прашање нашето познавање на нив.Животинското царство е пребогато со занимливости за кои човек многу малку знае, освен посветените биолози. Со цел овој пат да ве свртиме кон животинските врсти кои ја населуваат нашата планета, ви откриваме неверојатни факти за нив кои веројатно не сте ги знаеле.

ОТИСОЦИТЕ ОД ПРСТИТЕ НА КОАЛИТЕ СЕ ДОСТА СЛИЧНИ НА ЧОВЕЧКИТЕ
Иако коалите немаат многу заеднички нешта со луѓето, во едно се доста слични. Нивните отисоци од пристите се доста слични со човековите па полицијата во Австралија тврдела дека некои истраги на злосторства биле отежнати поради присуство на отисоци од коали.

ПАПАГАЛИТЕ СЕКОГАШ НЕСЕБИЧНО СИ ПОМАГААТ ЕДЕН НА ДРУГ
Иако папагалите често се поврзуваат со гусарите, се тврди дека афричките сиви папагали вопшто не се како алчните крадливци на богатство какви ги замислуваме. Тие радо ќе си помогнат еден на друг во неволја а ако при тоа за трудот им следи награда, ите како се мотивирани.

ПРЕРИСКИТЕ КУЧИЊА САКААТ ДА СЕ БАКНУВААТ
Прериските кучиња се чудесни суштества поради повеќе причини. Изгледаат како џоновски глодари, копаат подземни канали, и се бакнуваат. Она што нам ни изгледа како бакнеж е всушност допирање на предните заби поради идентификација.

РАКОВИТЕ СЕЧАТ СО ПОМОШ НА ЗАБИТЕ КОИ ИМ СЕ НАОЃААТ НА СТОМАКОТ
Клештата на раковите им е доволна да ги заплашат другите суштества, но во ситуации кога тоа не им помага тие знаат и да сечат. Раковите умеат да сечат со помош на забите кои им се сместени на стомакот.

ШКАМПИТЕ БОГОМОЛКИ ИМААТ НАЈБРЗ УДАР НА СВЕТОТ
Боксерите можат да помислат дека ги имаат најбрзите удари и аперкати на светот, меѓутоа шкампите богомолки можат да се пофалат со брзината на своите удари. Нивниот удар е дури побрз и од куршум од калибар 22 што е извонредна способност за едно суштество од само 4цм.

ЛАВИЦИТЕ ИЗВРШУВААТ ОКОЛУ 90% ОД ЛОВОТ ЗА СВОЈОТ ЧОПОР
Иако машките лавови го одвлекуваат сето внимание со своие импресивни способности, она што е уште поимпресивно е фактот дека всушност лавиците се тие кои во чопорот ја завршуваат околу 90% од работата кога е во прашање ловот. Додека мажите ловат за да ја истакнат својата сила, женките ловат поради исхрана.

НАЈСТАРАТА РАСА НА ПРИПИТОМЕНО КУЧЕ ДАТИРА ОД 329 ГОДИНА П.Н.Е.
Кучињата како најдобар пријател на човекот имаат исклучително долг однос со него. Се претпоставува дека е дури и подолг отколку што се мисли. Најстарата раса на припитомено куче е од расата Салуки кои биле доста ценети во стариот Египет.

Прегледи:
149
Објавено на:
10.10.2020