Интересни податоци за земјотресите кои нема да ве исплашат

Истражувањата покажуваат дека животните можат да претвидат земјотреси..

Земјотресите најчесто се појавуваат покрај границите на тектонските плочи. Бидејќи плочите се движат и се стружат една од друга со брзина на растење на нокт, со текот на декадата или векот полека се создава голем притисок се додека не се занишаат карпите.

  • Јапонците ги мерат земјотресите поинаку од нас.
    Одвреме навреме, притисокот на плочите предизвикува треперење кое ги треси чашите на масата, а понекогаш штетата е многу голема. Јачината на еден потрес зависи од количината на ослободувачка енергија која се мери по Рихтеровата скала, во длабочина на која се случило поместувањето и околу природата на самата површина. Јапонците користат shindo скала со која мерат и опишуваат потрес на земјата од 0 до 7.
  • Земјата се треси почесто отколку што мислиме.
  • Мали и често незабележителни тресења на земјата се случуваат постојано ширум светот, а секој од нив има своја улога во непрекинатото поместување на Земјината кора.
  • Се смета дека некои животни како жабите, мачките, змиите или рибите можат да предвидат земјотреси – поради изострените сетила со кои чувствуваат поместување и звук, и промени во температурата или мирисот на земјата.
  • Сан Франциско се движи спрема Лос Анџелес со брзина на околу 5 цм годишно, а со такво темпо за неколку милиони години би можеле да се сретнат. Причината за тоа е дефектот Сан Андреас. Сан Андреас е спој од две земјини плочи: Северноамеричката и Пацифичката. Пацифичката плоша се движи спрема северозападната, а северноамеричката спрема југоисточната.
  • Статистички гледано, еднакви се шансите за земјотрес за време на студено и топло време, дожд или снег, покажува америчкото сеизмолошко истражување. Научниците тврдат дека не постои физички начин на кој временските (не)прилики би можеле да влијаат врз силата длабоко под земјината површина.
  • Мачу Пикчу е свет град кој се наоѓат на највисокиот дел на Андите во Перу. Изграден е околу 1300 година без железни помагала или било каква технологија и успешно им пркоси на потресите. Инките ги обликувале камењата со совршени димензии и ги споиле со посебна метода, доволно цврста за да не ги уништи поместувањето на земјата, без оглед на тоа што се наоѓаат на треперливо подрачје.
  • Во Јапонија земјотресите се секојдневие: Во рок од една година, земјата се тресе и по 2000 пати. Бидејќи се дел од најактивниот појас на светот, Пацифичкот огнен прстен, Јапонците градат високи згради со помош на посебни материјали така што градбите можат да се нишаат но не и да се срушат во текот на потресот. Освен тоа, возовите имаат вградени сензори за потрес кој автоматски ги открива.

Митологија
Древните грци верувале дека Посејдон, богот на морето, предизвикувал земјотрес удирајќи ја земјата со својата тупаница, тогаш кога нешто ќе го разлутело. Во хинду митологијата потресите ги предизвикувал слонот кој ја држи Земјата или желката на чиј грб таа стои.




Коментари

[fbcomments]