Чек дис аут
Search

Интересни предлози за поклони за луѓе кои се обожаватели на месечината

Сите имаме по еден пријател или пријателка кои ја обожаваат месечината. Ако немате таков пријател, веројатно вие сте тој пријател и оваа статија ја отворивте за да разгледате подароци… за себеси! :)

Месечината е фасцинантно небесно тело. Не е чудно што толку многу луѓе ја обожаваат. Всушност, таа е една од главните и најбитни фактори за еволуцијата на живиот свет. Со својата гравитација, таа влијае врз плимите и осеките, а со тоа живите организми низ еволуцискиот процес транзиционирале од вода кон копно.

Месечината е и битен фактор за развиток на науката и уметноста, со тоа што бројни научни истражувата се базирале токму врз мерење на далечината до неа, врз набљудување на светлината која ја рефлектира и сенките кои се покажуваат на неа; а исто така, таа е многу опевана и цртана низ сите уметничко-литературни правци.

Во мај 2020 имавме многу интересна Супермесечина наречена Цветна Месечина, а месечината оваа година изгледаше прекрасно и кон крајот на јуни и почетокот на август.

Погледнете подоле низа на прекрасни предметчиња кои ја доближуваат месечината до нашите домови и кое можете да си ги порачате за себеси или за поклон за некого.

Месечина-сложувалка.

Ланче со месечевите фази

Месечева наметка

Месечево минималистичко прстенче

Маска со месечина

Месечева ламба

 




Коментари

[fbcomments]