Категории

Интернет пребарувач кој засадува дрва со профитите

Ecosia не е обичен интернет пребарувач – последните 11 години, оваа еко-свесна компанија ги користи своите профити за да засадува дрва насекаде низ светот. Во јули оваа година, германската непрофитна организација го прослави засадувањето на 100-милиони дрва. Ова ги направи организација која засадила повеќе автохтони  и алохтони видови дрва насекаде низ светот, од било која друга органиација.

Кога некој го пребарува интернетот со Ecosia, рекламите генерираат приход кој е искористен за садење дрва. За секој 45-ти клик, се собира доволно пари за да се засади едно дрво. Неодамна Ecosia покри проект за садење 3 милиони дрва во Бразил, по ужасните пожари кои ја опфатија Амазонската шума.

Лани го прославија 50тиот милион, значи за само една година им се дуплирале профитите. Дрвата помагаат со отстранување на СО2 од воздухот, со обезбедување природни живеалишта за многу видови на животни, со создавање поголем биодиверзитет и со произведување на плодна почва. Повеќе дрва, исто така, значат повеќе свежа храна, повеќе работи за локалното население и многу, многу повеќе убави работи.

Ecosia исто така изградија нивна соларна станица за да даде енергија на 200% од своите сервери.

Chrome екстензијата за Ecosia можете да ја спуштите овде.

Прегледи:
606
Категории:
Хуманост
Објавено на:
14.08.2020