Категории

iPad на Apple сo Face ID технологија пристигнува во 2018 година

Компанијата Apple оментално работи на редизајот на iPad, кој на пазарот ќе се појави во 2018 година.

Новиот iPad ќе ги има некои од клучните карактеристики на iPhone X, како што се тенки рабови на екранот, технологија за препознавање на лица Face ID и друго.

Новата верзија од таблетот на Apple веројатно нема да има ниту OLED екран, кој нуди поостра и појасна слика.

Најмалку еден нов модел на iPad екранот ќе има Face ID за отклучување на уредот, плаќање и праќање на анимирани стикери.

Оваа технологија воедно ќе значи и крај на копчето „Home“ на iPad, кое од 2014 година поседува вграден скенер за отпечаток на прстот.

Прегледи:
426
Ознаки:
· · ·
Објавено на:
10.11.2017