Категории

Исфрлете го квасецот и додадете јогурт за најбрзи крофни: Само обликувајте и пржите

Со овој рецепт за крофни нема да погрешите, бидејќи се подготвуваат најбргу до сега.

Ако сакате да ги воодушевите децата, тогаш задолжително направете ги овие крофни. Крофните се прават од тесто, а може да се пржат или да се печат во рерна. Исто така, може да ги полните со нутела, џем или да ги прелиете со чоколадо, како и да додадете на нив шеќер или цимет.

Состојки:

  • 450 г брашно
  • 300 мл јогурт
  • 1 јајце
  • 100 г шеќер
  • прстофат сол
  • 1,5 лажичка сода бикарбона
  • 1,5 лажичка прашок за пециво
  • 200 мл масло

За прелив :

  • црно чоколадо
  • бело чоколадо
  • шеќер и цимет

Подготовка:

Изматете ги јајцата со шеќер. Додадете го маслото и уште малку матете. Ставете јогурт и кога ќе ја соедините смесата додадете брашно со прашок за пециво и сода бикарбона. Измесете го тестото, па префрлете го на работната површина на која претходно се ставиле брашно и продолжете да месите додека не добиете убаво тесто. Развлечете го тестото со дебелина околу 1 цм, па обликувајте ги крофните. Можете и со чаша, а потоа во средина направете дупка. Пржете во загреано масло и потоа извадете ги да се исцедат.

Чоколадото истопете го, па ставете ги во него крофните и декорирајте ги како сакате. Ако не сакате чоколадни, може да помешате шеќер и цимет и да ги ставите крофните во таа смеса.

Прегледи:
222
Објавено на:
24.09.2021