Чек дис аут
Search


Исфрлете ја негативната енергија од домот со помош на овие трикови!

Негативната енергија во домот можете да ја внесете и купувајќи некои предмети. Којзнае колку раце ги допирале и каква енергија имале… Тоа особено важи за купувањето на скршените предмети кои биле користени од одредени луѓе некое време. Предметите можат со себе да ја носат и енергијата на поранешниот сопственик.

1. Ослободете се од нередот

Старите весници и валканата облека можат да заробат многу негативна енергија во куќата. Решете се од сите непотребни нешта, оние кои стојат, а всушност не ви требаат. Масата нека ви биде чиста и уредна, валканата облека ставајте ја во корпата предвидена за тоа, а не расфрлана по целата куќа. Исто така, не дозволувајте валканите садови да ви се натрупаат. Нека ви биде куќата чиста, особено влезот и влезната врата за позитивната енергија да може да влегува во неа.

2. Преместете го мебелот

Важно е да имате на ум дека енергијата во просторот треба да се шири, а тоа не е возможно доколку просторијата е пренатрупана и блокирана со многу мебел. Според кинеската метода на уредување Фенг шуи, просторот треба да биде уреден така што ќе биде отворен и простран. Добро наместениот мебел помага во исфрлањето на негативната енергија од домот.

3. Истурете сол на теписите

Истурете три до шест лажици сол по тепихот кој е средна големина, причекајте еден час и потоа поминете со првосмукалка. Кристалите на солта имаат изненадувачки природна способност да ги неутрализираат негативните вибрации. Во прилог на тоа, добро е да потопите малку морска сол во топла вода и со таа течност да го пребришете целиот мебел, вратата… Доколку чувствувате негативна енергија во дворот, истурете малку сол и таму.

4. Одгледувајте живи билки во домот

Билките во домот внесуваат боја, живот, кислород и позитивна енергија. Не избирајте исечено цвеќе во вазна, туку она кое треба редовно да го одржувате и одгледувате. Обрнете внимание и на тоа дека некои билки привлекуваат и негатива енергија – оние кои имаат остри делови или боцки.

Секогаш избирајте билки кои не се остри, туку заоблени и нежни на допир. На пример, заоблените билки симболизираат раст и напредок во животот и поттикнуваат создавање на позитивно озрачување на домот.

5. Внимавајте со што го декорирате домот

Избегнувајте препарирани животни, теписи од животинско крзно или било какви делови од животни. Не е пожелно ниту вештачко или суво цвеќе. Сето тоа асоцира на смрт и привлекува негативни вибрации. Бидете внимателни и со маските од разни племиња. Избегнувајте да закачувате огледала во спалната соба и во ходникот (не е добро огледалото да е свртено кон влезната врата).

6. Откријте во која просторија има негативна енергија и неутрализирајте ја

  • Земете обична проѕирна чаша и во неа ставете третина сол, третина алкохолен оцет и третина вода
  • Ставете ја чашата таму каде што мислите дека негативната енергија е најјака
  • Чашата нека биде скриена, за никој да не ја допира и поместува
  • Оставете ја на тоа место 24 часа
  • Потоа проверете ја чашата – дали е онаква каква што сте ја оставиле?
  • Ако се е исто, тоа покажува дека немате негативна енергија во таа просторија
  • Повторете ја постапката и во другите простории

Знаци дека постои негативна енергија и како да ја исфрлите

Ако здогледате во чашата некој дамка или многу меурчиња, тоа значи дека во таа проторија постојат енергетски проблеми. Во тој случај повторете ја постапката се додека повеќе нема знаци нa негативна енергија, додека водата во чашата не биде иста како кога сте ја оставиле. Водата секој пат истурајте ја во тоалетот и веднаш пуштете вода. На тој начин ќе го исчистите просторот од негативна енергија.




Коментари

коментари