Категории

Искреноста на братската љубов која е посилна од сé

Двајца браќа поседувале фарма чие плодно тло давало обилна жетва. Се делеле на половина. Така функционирало едно време но бидејќи едниот брат бил оженет и имал пет деца, а другиот бил самец, односот помеѓу нив се менувал.

Оженетиот брат размислувал: „Тоа не е во ред. Мојот брат не е оженет и добива половина од родот од фармата. Со мене е и мојата жена и нашите деца и на некој начин не морам да се грижам за својата старост. Но, кој ќе се грижи за мојот брат кога ќе остари? Тој би требало повеќе да остава настрана за иднината отколку што тоа го прави сега..“

Со тие мисли станувал во текот на ноќта, се прикрадувал во куќата на својот брат и истурал своја вреќа жито во житницата на својот брат.
Но и другиот брат почнале да го обземаат слични мисли, па повремено во ноќта се будел и си велел на себеси:
„Ова не е чесно. Мојот брат има жена и пет деца, а добива половина од родот од земјата, како и јас кој не морам никого да прехранувам освен себеси. И дали е праведно мојот брат, чии потреби очигледно се поголеми од моите, да добива еднакво како и јас?“
Тогаш станувал од креветот и носел полна вреќа жито во житницата на својот брат.
Една ноќ, двата станале од креветите во исто време и се пронашле еден со друг со вреќа жито на своите грбови.

Прегледи:
522
Објавено на:
18.12.2020