Категории

Испеглајте ги алиштата без употреба на пегла

Многу пати сме се нашле во ситуација каде што ни била потребна пегла за алишта, но истата или сме ја заборавиле дома или ни се расипала во најпотребните моменти. Додека да набавите нова, испробајте ги овие начини преку кои може да ги испеглате алиштата:

Пегла за коса

Поднесете ја температурата на пеглата за коса на просечна температура и почекајте да ја постигне истата. Внимавајте на пеглата да нема влакна или пак некои козметички средства за коса, бидејќи тие ја уништуваат облеката. Исто така, не ја употребувајте за деликатни и нежни материјали.

Вода и оцет

Измешајте вински оцет и вода во размер од 1:3, ставете ја течноста во шише со прскалка и протресете. Испрскајте ги алиштата и повеќе нема да бидат истуткани.

Фен за коса

Обичен фен за коса исто така може да послужи како пегла за коса. Вклучете го на најјака температура и насочете го кон собраниот материјал.

Пареа од бања

Вклучете ја жешката вода и закачете ги алиштата најблиску до тушот, но внимавајте да не се прскаат од водата. Затворете ги сите прозорци и врати и почекајте неколку минути.

Влажна крпа

Ставете ги алиштата на мазна површина, како на пример маса или даска за пеглање. Покријте ги со влажна крпа и притиснете со вашите раце. Потоа, оставете ги да се исушат.

Дното на сад

Ставете вода да зоврие во тенџере. Кога водата ќе зоврие, дното на садот ќе биде доволно врел да ја замени пеглата. Ставете ги алиштата на мазна површина и „пеглајте“ со садот. Забавно е!

Прегледи:
95
Објавено на:
06.09.2016