Истакнете ги очите на вистински начин со помош на овие трикови!

Крупните очи отсекогаш претставуваат идеал во убавината. Всушност, луѓето со изразени очи се сметаат и за помлади, па доколу сакате да скратите неколку години од вашиот изглед, овие трикови ќе ви помогнат во тоа.

Нагласете ја линијата на очите

Ова е еден од најлесните трикови во светот на убавината. Нанесете бел или крем туш на линијата на окото. За подраматичен изглед користете бело моливче, а за поприроден изглед крем ајлајнер.

Ајлјнерот не трае долго на долната линија од окото, веројатно затоа што во текот на денот трепкаме околу 1500 пати. Затоа, носете го со себе за да може да го поправите.

Хајлајтер

Хајлајтерот не е добар само за јаболчниците, туку и затоа што им дава живот на очите. Доколку го нанесете на чело тој визуелно ќе го издолжи. Исто така, нанесете го и на аглите на очите и во линија со веѓите. Овој трик визуелно ќе ги отвори очите и ќе направи да изгледаат одморено.

Нанесувајте коректор правилно

Нанесувајте коректор на деловите под очите кои имаат тенденција да изгледаат потемни. Со додавањето на светли тонови на овие делови од лицето ја нагласувате големината на очите.

Подигнете ги трепките

Сите знаеме дека маскарата прави голема разлика, но ако ги свиткате трепките пред да ја нанесете, ефектот ќе биде многу подобар. Освен овој трик, вештачките трепки исто така може да направат голема разлика.

Црн креон

Исцртајте тенка линија над горните трепки со креон, ова е мал чекор кој ќе направи драстична разлика. Со овој мал трик очите ќе ги истакнете во прв план.




Коментари

коментари