Категории

Историски успех: Тамара Тодевска успеа да ја освои осмата позиција на Евровизија 2019!

Ова е историски ден за нашата држава, Тамара Тодевска успеа да ја освои осмата позиција Евровизија 2019 година!

Вечерва се одржа финалето на Евровизија во Израел, Тел Авив а нашата Тамара не направи горди со прекрасната изведба на „Proud“ постигнувајќи неверојатен успех, кој досега ни изгледаше толку далечен и неверојатен.

Иако во одредени моменти од натпреварувањето бевме и на првата позиција, по стручното гласање на секоја од земјите претставнички на овогодинешниот избор на Евровизија, успеавме да го освоиме осмото место. Секоја чест Тамара, ти си нашиот победник!

Холандија ја освои првата позиција, а во продолжение слушнете ја и победничката песна.