Категории

Истражувајте ја површината на Марс со оваа 4К снимка на НАСА роверите

Иако од НАСА имаат објавено прекрасни фотографии од површините на Марс, нема многу видео снимки од Црвената Планета. Меѓутоа, тимот на Elderfox Documentaries спои фотографии за да креира 4К видео од Марс, кое ни дава кристално чиста слика за оваа планета.

Преку спојување на фотографии со висока резолуција сликани од Curosity, Spirit и Opportunity роверите, ова видео ни покажува прекрасни предели на Марс. Тоа исто така го одговара прашањето: Зошто роверите не праќаат видео снимки од планетата? Иако камерите поставени на роверите беа најјаката технологија во периодот во кој се лансираа, стапката со која што тие праќаат информации назад кон земјата е исклучително спора.

На пример, Curiosity роверот стапна на Марс во 2012, и може да праќа информации со 32 килобајти во секунда. Еднаш во еден Сол (марсовски ден) има 8 минути во кои што може да се поврзе со Mars Reconnaissance Орбитерот. Кога тоа ќе се случи, може да праќа информации со 2 мегабајти во секунда, но со толку малечко временско прозорче, праќање видео нема некоја смисла. За среќа, работите на Марс не се движат нешто особено брзо, така што фотографиите се одличен начин да се добие впечаток за околината.

За да се спои едно видео, монтажерите поврзале повеќе фотографии за да креираат панорама која можат да ја постават во повеќе површини. Овој ефект дава исцрпни, длабочински погледи во кратерите, пустините и канјоните на Марс.

Со прекрасна аудитивна позадина и звучна надсинхронизација која објаснува што гледаме, видеото е прекрасен начин да посветиме 10 минути учејќи за оваа планета.