Категории

Истражување: Митот за русокосите

56f5223d-7e90-460b-ae70-09600a0a0a64-plavuse-718x446

За нив се кажуваат вицови, на нивна сметка се прават шеги, бринетите им ја потценуваат интелигенцијата… но сепак мажите без нив не можат. По нив воздивнуваат, се вртат на улица, за нив сонуваат, ја губат главата, во нив се вљубуваат, заради нив се разведуваат… По се изгледа дека  блондинките се фатална опсесија! 

Според последните истражувања, се смета дека последната русокоса на Земјата ќе се роди во 2200 година во Финска, иако други научници ги имаат отфрлено овие тврдења . Сепак ова не го  измислиле злобните бринети во долгите и осамени ноќи или предавничките црвенокоси , туку германските антрополози . Имено, нивните сознанија од истражувања укажуваат  дека додека во последното столетие луѓето со природна  руса боја на косата изнесувале  49% од населението на земјата , во 21 век , има  само 14 % .

Не знаеме кога ќе се роди последната русокоса, но затоа првата позната русокоса во историјата е божицата Афродита , за која што легендите велат дека ги добила златните прамени како подарок од Зевс. Се смета дека плавушите се појавиле за прв пат на Земјата пред околу 11 000 години. За разлика од лошата слава на денешните блондинки, во античка Грција , жените со руси коси се олицетворени на чистотата, невиноста и дури – божественоста . Во почетокот на 20 век светлите коси биле сметани од некои се знак на расна супериорност. Денес плавушите се предмет на многу научни истражувања . Француските  научници докажаа дека при погледот  на блондинките,  мажите го губат разумот. Друга студија, на експертите од Универзитетот во Квинсленд , Австралија , покажува дека плавушите заработуваат седум проценти повеќе пари од колешките со друга боја на косата.

Нема никаква мистерија во атрактивноста на рускосите луѓе . Од биолошка гледна точка сјајната коса и сините очи се рецесивен знак . Затоа и најжешките бринети го губат умот при погледот на русокосото суштество , инстинктивно чувствувајќи дека нивните доминантни гени ќе бидат победени од блондинката, па тоа ќе биде идеален чувар на „плавиот“ генетски материјал . Покрај тоа русата коса подразбира повисоко ниво на естроген , кој е поврзан со плодноста .

Woman-with-Glasses-848x400

Еве неколку интересни факти за блондинките:

Блондинките се побогати. Според статистиката тие печалат со 7% повеќе од жените со други бои коса.

Глупоста на блондинките е дефинитивно мит. Статистиката вели дека една третина од сите членови на Менса – организација во која членуваат само луѓе со висок коефициент на интелигенција се блондинки.

Мажите претпочитаат блондинки – или барем 76% од нив. На подсвесно ниво тие ја асоцираат русата коса и сините очи со ангелска нежност и чистота.

Според психолозите дамите со руси коси се посреќни. Тоа се должи на повеселиот карактер и позитивен став кон светот и животот.

Русокосите почесто се сметани за секс симболи. Според експертите објаснувањето е дека плавушите секогаш се во центар на вниманието, бидејќи окото несвесно е привлечено од посветлите нијанси.

Плавуши, една насмевка ќе ве молам! :)

 

Прегледи:
488
Објавено на:
19.06.2016