Категории

Истражување: Откриено зошто сонуваме

151112_DRIFT_Dream-Research.jpg.CROP.promo-xlarge2

Сите ние често сонуваме во текот на ноќта, но сепак многу малку знаеме за соништата. Зошто сонуваме? Што значат нашите соништа? Како треба да ги протолкуваме и дали воопшто треба да бараме значење? Иако научниците не можат во потполност да ја објаснат целта на соништата, сигурни се дека сите луѓе сонуваат и тоа по неколку сонови во текот на ноќта.

Секој сон трае помеѓу 5 и 12 минути, а на поголемиот дел не се сеќаваме. Додека некои психолози тврдат дека соновите се начин на кој мозокот го организира помнењето и меморијата создадена во текот на денот, други истакнуваат дека тие се „нус производ“ при чистење на токсините или непотребните содржини од мозокот. Сонот не доаѓа од друг свет, како што некогаш се верувало, ниту носи тајни пораки, иако многумина веруваат во тоа. Науката има други објаснувања. Сонот не е поглед во иднината ниту некое претскажување, но свесни сме дека има чудни сништа во кои луѓето не само веруваат, туку ги прават оние работи кои во сонот им било кажано да ги направат. Сите наши сништа се поврзани со нашите чувства, стравувања, желби, потреби и сеќавања. Содржината на ноќниот сон често е поврзан со доживувањата од претходниот ден.  Поради фактот дека сонот често е поврзан со моменталната состојба додека спиеме, или со доживувања од минатото, потребите и желбите,  децата често сонуваат волшебници или самовили, а школските деца сонуваат испити и слично.

Според научниците кои проучуваат зошто сонуваме, што сонуваме и какво е значењето на сонот, сонот е последица на неисполнети желби, или неостварливи копнежи. Според оваа теорија, во текот на сонот и нашите „кочници“ спијат, така што можеме лесно да изразиме тоа што го сакаме. Една студијат направена на универзитетот во Франкфурт открива дека доколку се обидете да ги отфрлите непосакуваните мисли, тие веднаш ќе ви се појават во соништата, исто како да ве прогонуваат. Истражувачите ја тестирале оваа студија и замолиле неколку волонтери да мислат 5 минути на нешто што не го посакуваат и потоа да заспијат. Истражувањето не само што покажало дека таа мисла се јавува во нивните соништа, туку истата им предизвикувала кошмари. Па дури и кога мозокот ви е преокупиран со илјадници мисли токму таа работа која потсвесно не ја сакате, ќе ви дојде на сон.

Или како што кажал Сигмунд Фројд – Потиснатата мисла во текот на денот, се наметнува во сонот.

Прегледи:
1976
Објавено на:
22.06.2016