ИСТРАЖУВАЊЕ ПОКАЖА ДЕКА МАЖИТЕ ПОЧЕСТО ГЛУМАТ ОРГАЗАМ ОД ЖЕНИТЕ

Сите знаат дека жените понекогаш одглумуваат оргазам, но истражувањето на Универзитетот на Квебек во Монтреал открива дека мажите се подобри „глумци“ во кревет.

Истражувањето спроведено од Универзитетот на Квебек во Монтреал открива дека мажите почесто глумат оргазам од жените – дури еднаш од четири пати додека имаат секс. Во извештајот, научниците интервјуирале 230 мажи на возраст помеѓу 18 и 29 години и ги прашале дали некогаш одглумиле оргазам – и ако одговорот е да, колку често го прават тоа. Со оглед на тоа што никој не помислил дека мажите глумат оргазми, резултатите се големо изненадување.

„Во просек, учесниците изјавија дека глумат оргазам во приближно една четвртина од сексуалните односи во нивната сегашна сексуална врска, најчесто за време на вагинален секс. Причините за глумење оргазам се поддршка за емоционалната состојба на партнерката, секс под дејство на алкохол, секс без желба или желбата да се подобрат,“ рекоа научниците кои работеа на истражувањето.

Мажите најчесто глумат сексуално задоволство за време на вагинален секс, но често се случува и за време на орален и анален секс, или пак за време на стимулација со рака.




Коментари

коментари